Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилм„Реквием за Пинокио“ на Берин Тузлиќ ќе се прикажува низ Македонија

„Реквием за Пинокио“ на Берин Тузлиќ ќе се прикажува низ Македонија


Краткиот анимиран филм „Реквием за Пинокио“ на сараевскиот аниматор, стрип-цртач и режисер Берин Тузлиќ, кој годинава влезе во официјална селекција на Канскиот филмски фестивал, и стрип-изложбата базирана на филмот, ќе има можност да го види и ужива и македонската публика. Стрип – изложбата и проекцијата ќе се случат на 21 април во културниот центар „Public Room”, во Скопје, на 24 април во Центарот за култура во Битола, а на 25 април во „Дом на млади“ во Штип. 
Како што вели авторот, ова дело е молитва за сите возрасни души, кои го чекаат „Судниот ден“, кога ќе застанат пред Рајот со дигнати глави, каде ќе им свети или вечна светлина или ќе паднат во мракот на пеколот. А, во овој филм, тоа ќе им го одредат децата!

„Реквием за Пинокио“ е емотивна приказна, која ме потсети на почетокот на војната во Босна, и моето чувство како дета, кога целиот свет ми се промени потполно, и тоа преку ноќ. Тука е симболиката на Пинокио, кој го преживеал босанскиот хаос, за да погине во Париз… Тоа го толкувам како една судбина, што не следи сите нас – кои ја преживеавме војната, но, на некој начин „умревме“, односно дел од нас е убиен, за што ќе станеме свесни кога најмалку се надеваме – можеби токму во мирот и тишината на една европска метропола…“ вели Тузлиќ.