Monday, May 6, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПрвото издание на стрипот „Супермен“ продадено за речиси милион долари

Првото издание на стрипот „Супермен“ продадено за речиси милион долари

Некој со продажбата на првиот стрип на „Action Comics“ направил заработка од 3.676 отсто. Стрипот оригинално бил купен за 26.000 долари, а е продаден за 956.000 долари. Реткиот прв број на овој стрип на „Action Comics“, чиј сопственик во 1990 година го купил за 26.000 долари, а на аукција му донело неверојатни 956.000 долари.

Во целиот свет постојат околу 100 примероци од првиот број на стрипот „Action Comics“, но експертите не очекувале дека ќе биде продаден за повеќе од 750.000 долари. Новиот сопственик, како и стариот сопственик, не дозволил неговото име да биде објавено во јавноста.