Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРеал Мадрид стигна до 11 титула во Лигата на шампионите!

Реал Мадрид стигна до 11 титула во Лигата на шампионите!

Реал Мадрид е новиот шампион на Европа, мадриѓаните успеаја да стигнат до својата 11 титула во Лигата на шампионите, а градскиот ривал Атлетико Мадрид повторно си замина со наведната глава. Реал Мадрид постигна погодокотв после само 15 минути игра откако, Серхио Рамос погоди за водство на „кралскиот клуб“ од 1-0. Во првото полувреме Реал Мадрид беше подобриот тим, но во вториот дел Атлетико Мадрид ја превзема иницијативата и дојде до израмнување.

Но на изедначувањето му претходеше промашен пенал од Гризман кој ја погоди пречката од голот на Кејлор Навас. Израмнувањето дојде на десет минути до крајот кога по асистенција од Хуанфран, Караско ја закова топката во мрежата на Реал Мадрид. Немаше голови во продолженијата па пеналите го решаваа победникот во финалето на Сан Сиро.

Првото промашување се случи во четвртата серија кога Хуанфран ја погоди стативата од голот на Навас, следниот пенал го погоди Роналдо и му ја донесе круната на Реал Мадрид. Атлетико имаше одлична сезона и одлична прилика да ја освои првата титула во Лигата на шампионите, но Реал Мадрид повторно успеа да ги совлада кога е најпотребно и да освои уште една титула во најелитното европско натпреварување.