Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион     "РАЗВЕСЕЛИ ЈА МАЈКА ТИ, ВРАТИ СЕ ДОМА" – Креативна кампања во Хрватска

     "РАЗВЕСЕЛИ ЈА МАЈКА ТИ, ВРАТИ СЕ ДОМА" – Креативна кампања во Хрватска

 

Трендот на постојано иселување на младите од Балканот го следи и Хрватска. Потрагата по подобар живот ги носи младите надвор од границите на своите земји.Се проценува дека во последните две години Хрватска ја напуштиле повеќе од 40.000 млади, а се предвидува и дека бројот ќе се зголеми поради укинувањето на работните дозволи за Хрватите во Германија.

HRVATSKA 2 - Copy

Групата ,,Адрис” која организира тренинзи и обуки за усовршување на младите,  се сетила на креативен и несекојдневен начин да ги допре младите на емотивен начин кога се надвор од границите на Хрватска. За таа цел на  аеродромите во Минхен, Франкфурт и Даблин се поставени знаци на кои пишува,, Развесели ја мајка ти, врати се дома”