Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиРазголената Брацај тргната од екраните зошто ќе се слика за Playboy

Разголената Брацај тргната од екраните зошто ќе се слика за Playboy

Енки Брацај доби суспензија од нејзината телевизија бидејќи прифатила договор за фотосесија за Playboy, па директорот Исмет Дришта решил да ја суспендира поради преголемото негативно внимание од јавноста. Брацај стана интернет сензација водејќи ги вестите со разголено деколте, но нејзината замена Грета Хоџа нема да биде конзервативна и ќе го продолжи трендот на провокативно појавување.Брацај е 21 годишна студентка на новинарство која вели дека е на почетокот на кариерата и се решила на ваков ризичен потег за добивање на внимание од гледачите, при презентирањето на сериозни и професионално изработени вести, без пристрасност кон ниту една политичка партија. Сега Брацај има огромен број на понуди за работа и интересот на интернет сферата за нејзината појава е огромен, па секоја чест за храброста.