Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКим Џонг Ун се пофали со нов систем за противракетна одбрана

Ким Џонг Ун се пофали со нов систем за противракетна одбрана

Централната телевизија на Северна Кореја објави снимки од спроведено испитување на нов систем за противвоздушна одбрана. На снимката од неколку агли е прикажано истрелување на ракета од мобилни лансери. Делови од материјалот се снимени од набљудувачки пункт, каде присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Освен кадрите со демонстрацијата на системот, севернокорејската телевизија емитуваше и критики кон планот на САД да одржат вежба во регионот на Корејскиот Полуостров со учество на два носачи на авиони – „Роналд Реган“ и „Карл Винсон“.