Friday, May 10, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПутин повика на подобрување на односите меѓу Русија и Европската Унија

Путин повика на подобрување на односите меѓу Русија и Европската Унија

Вчера Европската Унија ги продолжи економските санкциите за уште една година за полуостровот Крим и градот Севастопол, а истовремено рускиот претседател Владимир Путин повика на подобрување на односите меѓу Унијата и Русија.

Санкциите за Крим и Севастопол и за тамошни политичари, беа воведени од Европската унија во прв ред под притисокот од САД, откако овој црноморски полуостров со мнозинско руско и русофоно население кое по превратот во Киев кога на власт дојдоа прозападните сили, на референдум си ја поврати автономијата укината во 1990-те со осамостојувањето на Украина од поранешниот Советски сојуз и се присоедини на Руската Федерација. Киев, САД и ЕУ тоа го сметаат за руска анексија на украинска територија.

Односите меѓу Брисел и Москва се на голем испит по избувнувањето на украинската криза и меѓусебните обвинувања за тоа кој ја предизвикал и е вмешан. Европската унија се подготвува да ги продолжи и економските санкции директно против Русија, поради нејзината наводна улога во конфликтот во источна Украина, но нејзините челници признаваат дека има земји кои се противат на тоа. Особено оние коишто трпат финансиски загуби поради руските против мерки со ембаргото за увоз на прехранбени и земјоделски производи од западните земји.