Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПутин му изрази сочувство на Ердоган

Путин му изрази сочувство на Ердоган

Претседател на Руската Федерација Владимир Путин преку телефон разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на иницијатива на руската страна. „Владимир Путин во врска со обидот за државен удар во Турција го нагласи принципиелниот став на Русија околу категоричното неприфаќање на антиуставни акции“, изјави Кремљ.

Соопштено е и дека Путин му изразил сочувство на Ердоган поради многубројните жртви меѓу цивилите и припадниците на органите здолжени за јавен ред и мир кои им се спротиставиле на пучистите, како и желба што побргу да дојде до обновување на стабилен уставен поредок и стабилност во Турција.