Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕрдоган и порача на меѓународната јавност: Останете каде што сте. Не водиме сметка за било кој извештај

Ердоган и порача на меѓународната јавност: Останете каде што сте. Не водиме сметка за било кој извештај

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган грубо го отфрли извештајот на ОБСЕ и на Советот на Европа за вчерашниот референдум набљудуван од овие две меѓународни организации.

“Тие подготвија извештај по нивни вкус… Останете кај што сте!”, изјави Ердоган во говорот што го држеше во неговата претседателска палата во Анкара.

“Не водиме сметка за било кој извештај што ќе го направите. Нé држат на портата на ЕУ веќе 54 години нели? Ние ќе одиме напред со нашиот народ и ќе ја почитуваме неговата одлука”, додаде тој.

ОБСЕ и Советот на Европа попладнево заклучија дека референдумот се одвивал во услови кои не биле еднакви за власта и за опозицијата. Ердоган најави нов референдум што ќе биде посветен на враќањето на смртната казна во Турција.