Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПуштен спектакуларен аеродром во Туркменистан – „Соколот“ вреди 2.3 милијарди

Пуштен спектакуларен аеродром во Туркменистан – „Соколот“ вреди 2.3 милијарди

Властите во Туркменистан го отворија најголемиот и најспектакуларен аеродром во форма на сокол во Ашгабат вреден 2.3 милијарди долари. Ова е продолжение на симболичната архитектура во Туркменистан која истовремено е импресивна, но и понекогаш премногу очигледна, пример државната издавачка куќа е во форма на книга.

askabat-aerodrom

Аеродромот во Ашгабат има огромен терминал наменет за дури 1600 патници на час со можност за слетување на десетина џамбо џет авиони. Сепак, постои загриженост бидејќи Туркменистан има строги визни ограничувања што ја прават една од најизолираните држави во Централна Азија со мал број на туристи или пак посета на странски бизнисмени.

Доколку оваа политика не се смени огромниот „птичји“ аеродром најверојатно ќе зјае празен и ќе се користи само за локални летови.