Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПукано од возило во движење во близина на касарната во Куманово

Пукано од возило во движење во близина на касарната во Куманово

Во близина на касарната „Боро Менков“ во Куманово попладнево било пукано од возило во движење. Случајот во СВР Куманово околу 17 часот го пријавиле вработени во касарната кои изјавиле дека од возило во движење биле испукани неколку куршуми од огнено оружје. Полициски службеници излезле на местото на настанот при што пронашле две чаури од гасен пиштол. СВР Куманово работи на целосно расчистување на случајот.