Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПукање во трговски центар во Шпанија, две лица тешко повредени

Пукање во трговски центар во Шпанија, две лица тешко повредени

Најмалку две лица се тешко повредени после пукање во близина на шопинг центар во Сарагоса, град во североисточна Шпанија. Повикувајќи се на полициски извори, шпанските медиуми пренесуваат дека маж се обидел да си ги убие жената и ќерката, кои биле во автомобилот. Потоа, како што пренесуваат медиумите, се обидел да изврши самоубиство.

Инцидент се случил во 11 часот по локално време пред еден кафич во близина на шопинг центар. Келнерот вели дека слушнал пукање пред кафичот и потоа здогледал маж со пушка како лежи на земјата. „Слушнавме како беа испукани седум или осум куршуми, а потоа и звук на автомобил кој се одалечува“, вели келнерот.

Како што пренесуваат медиумите, напаѓачот побегнал од местото на настанот и истрагата е во тек.