Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПЦЕР со кривична за СЈО: И мртви гласале за Амди Бајрам

ПЦЕР со кривична за СЈО: И мртви гласале за Амди Бајрам

Партијата за целосна еманципација на Ромите ќе поднесе кривична пријава до СЈО за Избирачкиот список во општина Шуто Оризари и ќе бара да се изврши проверка на избирачките списоци од изборите во 2014 и во 2011 година, со што како што велат од партијата, ќе се потврдат фалсификуваните гласачи.

„Уште поголем доказ се и аудио видео снимките кој ги има СЈО каде јасно кажуваат самите во телефонскиот разговор дека и мртвите гласале за Амди Бајрам и неговиот син. Ваквата проверка сметаме дека треба да се изврши веднаш поради тоа што на 31 август ќе се одлучува за датумот на избори. Партијата со сигурност тврди дека на избирачките списоци од 2011 и 2014 има фантомски гласачи, луѓе кои се во странство кои никогаш не гласале и мртви кој се уште се на Избирачкиот список. Сметаме дека еднаш треба да се стави крај на оваа банда на чело со Амди Бајрам за фалсификати и нека бидат еднаш чесни и регуларни избори во Шуто Оризари, и нека победи оној кому народот ќе одлучи да му ги даде гласовите“, реагира ПЦЕР.