Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПрвпат Македонците добија советник во Поградец

Првпат Македонците добија советник во Поградец

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција на неделните локални избор по првпат доби советничко место во општина Подградец.
korca
Советник во Советот на општината, кој ќе ги застапува правата на Македоците ќе биде Јован Шкмби. Советник МАЕИ освои и во општина Малиќ, кај Корча. Тоа е Кичо Мујо. Исто така партија обезбеди и мнозинство во 15-члениот совет на општина Пустрец, каде има осум советници, додека по третпат довербата за градоначалник му беше дадена на Едмонд Темелко.