Thursday, May 2, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈА(Видео) Прво воздушно перниче за велосипедисти кое може да ги спаси од несреќи

(Видео) Прво воздушно перниче за велосипедисти кое може да ги спаси од несреќи

Велосипедистите честопати имаат недостаток од сигурност и заштита во сообраќајот а недоволната опрема честопати резултира со сериозни повреди. Сепак, една шведска компанија конечно понуди одлично решение! Компанијата Hovding го произведе првото воздушно перниче за велосипедисти и мотоциклисти кое може да им го спаси животот. Монтиранo во гломазна јака, која може да биде маскирана со стилска марама, перничето се отвара кога паѓате а му е потребно само дваесетти дел од секундата за да одлучи дали да се активира или не, така што неговото отварање е неверојатно брзо. Цената за едно вакво стилско воздушно перниче е 399 евра.