Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрва кардиоваскуларна операција во новата болница „Филип Втори“

Прва кардиоваскуларна операција во новата болница „Филип Втори“

Првата кардиоваскуларна операција во новата болница „Филип Втори“, е направена денеска,  од страна на д-р Жан Митрев и неговиот тим. 60 годишен маж од Виница е првиот пациент на кој му е направена бајпас операција на срце во новата болница за кардиохирургија „Филип Втори“. Сите услуги досега кои се нудеа во изминативе 16 години пациентите ќе имаат можност да ги добијат и во новата болница на Митрев.

Исто така, е потпишан и договор помеѓу Хрватскиот авионски оператор „Аир – Панонија“, кој врши медицински транспорт на пациенти низ светот со дури 11 авиони, па така специјалната болница „Филип Втори“ ќе им овозможи на пациентите во еден ден транспорт, дијагноза и оперативен зафат. Според Жан Митрев, болницата отвора и нова страница во развојот на македонскиот медицински туризам, но и во извозот на македонското медицинско знаење во земјите на Европската унија.