Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПроодно е на Стража и за тешки товарни возила

Проодно е на Стража и за тешки товарни возила

Превојот Стража како еден од најпроблематичните во патната мрежа при лоши временски услови сега е целосно прооден и утрово е укината забраната за движење на тешки товарни возила. Истото важи и за правецот Струга-Ќафасан. Генерално состојбата на патиштата низ Македонија укажува дека нема застои и дека сообраќајот се одвива нормално со тоа што на возачите им се посочува многу да внимаваат поради влажните коловози. Забрана за тешки товарни возила се уште е на сила на потегот Тетово-Попова Шапка, каде не можат да се движат ниту патнички автобуси, како и на патот Маврово-Дебар.