Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПрофесорски пленум: Им се одзема правото на студентите да бираат

Професорски пленум: Им се одзема правото на студентите да бираат

Професорскиот пленум се јави со серија на критики кон претстојниот избор за нов претседател на студентската организација СПУКМ во време кога завршува академската година и ги поддржаа ставовите на Студентскиот пленум.

„Со ова се прекршуваат одредбите од Правилникот за избори на СПУКМ и им се одзема правото на студентите на УКИМ да бираат и да бидат бирани, што претставува класичен акт на насилство на една мала група којашто го држи во заложништво целокупното студентското организирање.

Професорскиот пленум ги поддржува напорите на Студентскиот пленум да се спротивстават на уште еден обид за злоупотреба на студентското организирање и ги повикува сите членови на академската заедница коишто одлучуваат во органите и телата на УКИМ да побараат стопирање на постапката за избор на ректор сè додека не се одржат законски, фер и транспарентни избори за претседател на Студентскиот парламент, со што ќе се обезбедат услови за законска и фер постапка за избор на ректор.“ велат од Пленумот.