Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПроектот „Млад возач, безбеден возач“ со обуки ќе ја зголеми безбедноста

Проектот „Млад возач, безбеден возач“ со обуки ќе ја зголеми безбедноста

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата најави нов проект „Млад возач, безбеден возач“ со кој ќе обезбеди дополнителни обуки за возачите со мало искуство кои ќе добиваат совети од искусни лица за грешките кои ги прават.

-Целта на проектот е подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку надградување на сообраќајната едукација на возачите почетници, со посебен акцент на зголемување на нивната практична обука за безбедно управување со моторното возило. На наше задоволство, ваков проект за прв пат се реализира во Македонија и истиот сериозно ќе ја унапреди едукацијата и ќе ја подигне сообраќајната култура кај младите учесници во сообраќајот, а со тоа и најважно ќе придонесеме за намалување на бројот на сообраќајните незгоди и жртвите во нив. Ги повикувам, младите, да се пријавуваат, активно да учествуваат во овој проект, и секако да возат одговорно и да бидат одговорни возачи, истакна Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП.

Секој учесник по завршувањето на обуката ќе се стекне со сертификат за безбеден и одговорен возач – почетник, а сите заинтересирани може да се пријават на веб сајтот на РСБСП.