Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНАТО загрижен за изјавите на Еди Рама, ја влошуваат безбедноста на Балканот

НАТО загрижен за изјавите на Еди Рама, ја влошуваат безбедноста на Балканот

НАТО изрази “загриженост за неодамнешното влошување на безбедносните околности” во Западниот Балкан, јасно ставајќи до знаење дека “силно ги охрабрува лидерите во регионот да бидат во висина на своите обврски и да продолжат по патот на дијалог и помирување”.

Ова е официјална оценка на претставник на НАТО во Брисел за српската агенција Бета, во врска со изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека Албанија може да се обедини со Косово и дека може да дојде до вооружени конфликти во регионот на Западен Балкан, ако избледнат изгледите за влез во Европската Унијата.

“НАТО и другите во меѓународната заедница имаат улога на давање поддршка, но решенијата на проблемите на регионот мора да се најдат во рамките на самиот Западен Балкан”, порачале за Бета од седиштето на Алијансата.