Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПроедната влада од втор обид ќе создава услови за избори

Проедната влада од втор обид ќе создава услови за избори

Концептот на преодна влада треба да профункционира откако му е дадена втора шанса. Денеска во Собрането на Република Македонија беа потврдени мандатите на новите технички министри за внатрешни работи, труд и социјална политика како и нивните заменици со речиси едносгласнот.

Во новиот состав речиси и да нема никакви изненадувања, освен што Оливер Андонов неколку часа беше министер во МВР, а сега ротира на заменичката позиција каде ќе му биде позадина на имењакот Спасовски од СДСМ.

Опозициската партија го држи челното место во труд и социјална политика со Фросина Ременски, додека пак повторно заменици во финасии, земјоделие и јавна администрација се Наумов, Николовски и Кирацовски.
Техничкиот премиер Емил Димитриев на собраниската седница на неговите колеги им порача дека во наредните 100 дена државата не треба да застане во место и дека сите без оглед од која партија доаѓаат мора да работат за интересите на Македонија, да ги спроведат реформите и да ја преземат одговорноста.

Преодната влада а има иста цел – организирање на фер, слободни и демократски избори.