Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува судењето за случајот Диво Насеље

Продолжува судењето за случајот Диво Насеље

Во Основниот суд Скопје 1 денес продолжува судењето за случајот Диво Насеље. Под силно полициско обезбедување обвинетите се спроведуваат во судот.

За денес е предвидено судот да продолжи со сослушување на другите обвинети што не ја дадоа својата одбрана за случајот.

Во судскиот процес Диво Насеље на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација.

Во нападите во кумановската Дива Населба загинаа осуммина припадници на полицијата, а околу 40 тина беа повредени.