Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува негативната реторика кон странските дипломати – Како ќе влијае на земјата?

Продолжува негативната реторика кон странските дипломати – Како ќе влијае на земјата?

Иницијативата „За заедничка Македонија“ по 36-ти пат излезе на протест во Скопје. Денешниот протест од пред влада, продолжи пред канцеларијата на Европската унија каде му порачаа на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека не е добредојден и дека сакаат да си оди. Пред Туск, ваков протест се организираше и на посетата на еврокомесарот Јоханес Хан. Ваквата реторика кон европските дипломати, голем број од аналитичари ја оценија како опасна за земјата и наместо да не приближува, не одалечува од европскиот пат.

Учесниците на протестот бараат Европската Унија да ја отфрли платформата од Тирана која задира во унитарниот карактер на државата и со која се предвидува двојазичност. Воедно бараат да не се дозволи на чело на Собранието да застане човек кој нема да ја отфрли платформата.