Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПродолжува менувањето на таблите со променети називи на улиците

Продолжува менувањето на таблите со променети називи на улиците

И во новата 2016 година ќе продолжи процесот на менување, набавување и поставување на нови таблички со изменети називи на улиците и со куќни броеви. Градските власти ја утврдуваат обврската на Градот Скопје во регулирање на нумерацијата на станбените единици во главниот град.

Потребата за замена и поставување таблички ја определува Секторот за комунални работи, врз основа на претходно утврдени и ажурирани податоци. Трошоците за набавка и поставување се на товар на Градот Скопје, а парите за оваа намена се обезбедуваат од Буџетот.