Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПријавена 62 годишна кумановка за исчезната

Пријавена 62 годишна кумановка за исчезната

Вчера, шеесет и двегодишна жена од Куманово, била пријавена за исчезната во Полициската станица во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Овој случај го пријавила ќерката на исчезнатата која исто така живеела во Куманово. Ќерката рекла дека мајка и последен пат ја видела кон крајот на март месец и од тогаш не знае каде е истата.

Инаку, полицијата презема активни мерки за пронаоѓање на жената.