Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајдено безживотно женско тело во водите на Пчиња

Пронајдено безживотно женско тело во водите на Пчиња

Безживотно тело на возрасна жена која пред еден месец била пријавена за исчезната пронајдено е вчера во водите на реката Пчиња во атарот на селото Војник, Кумановско.

Како што соопшти денеска МВР, случајот го пријавил случаен минувач, кој вчера околу 16:30 часот, го забележал телото во водите на реката.

Жената родена 1941 година била жителка на селото Младо Нагоричане.

Екипи на територијалната противпожарна единица го извадиле телото на починатата од реката, а увид извршила увидна екипа на СВР Куманово.
По наредба на основен јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.