Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонПретставен Galaxy Note 7 како најраскошниот фаблет досега

Претставен Galaxy Note 7 како најраскошниот фаблет досега

Samsung еден месец порано од вообичаеното го лансираше новиот супер моќен фаблет Galaxy Note 7 со променета тактика за спремно да го дочека доаѓањето на iPhone 7 Pro како главен конкурент во најава. Galaxy Note 7 ги содржи сите компонети кои ги има премиум смартфонот Galaxy S7, но служи како негова многу понапредна верзија со помош на функционалното S пенкало, како и екстра батерија.

note-7-pics

Samsung Galaxy Note 7 доаѓа со голем 5.7 инчен Super AMOLED дисплеј со Quad HD резолуција и главен новитет е заштитата со супер цврстото Corning Gorilla 5 стакло. Смартфонот е водоотпорен со примена на IP68 сертификатот што ќе биде добредојдено за активните корисници.

samsung-galaxy-note-7-render-blue-1

Хардверски Samsung ги искористил најмоќните компоненти на располагање со осум-јадрени Snapdragon 820 за американската верзија и Exynos 8890 за интернационалната верзија. Главен новитет е што почетната меморија ќе изнесува дури 64 GB, а на располагање имате и слот за microSD картичка за надополнување до 256 GB. Големо подобрување има и на батеријата која доаѓа со капацитет од 3500 mAh и може да одговори на сите потреби.

Samsung-Galaxy-Note-7-with-S-Pen

Samsung за Note 7 ја искористил истата 12 мегапикселна камера со широка леќа, двоен LED блиц и хибриден автофокус која ја има и Galaxy S7, додека пак селфи камерата има идентична апаратура, но со сензор од 5 мегапиксели. Софтверот има големо освежување на TouchWiz интерфејсот кој е многу посреден и може да ги искористи сите бенефити на Android 6.0 Marshmallow системот со тоа што во септември се очекува и надградба со Android 7.0 Nougat.

Подобрена е и генералната безбедност на фаблетот со додавање на првиот Iris скенер за очи со што само корисникот ќе може да го отклучи Note 7, а применет е и презицен скенер за отпечатоци. Note 7 ќе биде достапен за нарачки во текот на наредната недела со цена која се проценува дека ќе изнесува околу 800 евра. Што мислите вие за новиот Samsung Galaxy Note 7 ?

Извор: telefoni.mk