Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПретседателски кандидат во САД незнае што е Алеп

Претседателски кандидат во САД незнае што е Алеп

Либертаријанскиот кандидат за претседател на САД Гери Џонсон изјавил дека незнае што е Алеп, град кој ево фокус на жестоки битки во Сирија и бегалската криза. Џонсон на телевизијата „MSNBC“, беше запрашан што би направил во врска со тој град, а тој одговорил зачудено: „А што е Алеп?“. Кога водителот му рекол да не се шегува тој одговрил дека е навистина сериозен и незнае што е Алеп.

Откако му било објаснето, Џонсон рекол дека Сирија е во „хаос“ за кој единствено решение е здружување на САД и Русија и дипломатско решавање на проблемот. Џонсон, поранешен гувернер на Ново Мексико, според анкетите има поддршка од околу 10 проценти, што е невообичаено многу за кандидат од третата партија.