Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтрушкото крило во ДУИ, ги задоволи своите интереси

Струшкото крило во ДУИ, ги задоволи своите интереси

Превирањата во ДУИ, го ифрлија на површина Јетон Шаќири како нов министер за администраија и информатичко општество. Претходно, медиумите објавуваа дека Ширет Елези, била кадарот на интегративците за оваа функција, но не ги поминала партиските филтри. Шаќири е од струшкиот огранок на ДУИ, и е моментално пратеник. Исто така е професор на Меѓународниот универзитет во Струга и поранешен директор на Водовод и канализација од Струга. Што значи очигледно е кадар и протеже на струшкото лоби во најмоќната етничкоалбанска партија кај нас.

Чаирското и партиското лоби во Сарај, веќе го изразуваат своето јавно незадоволство од прераспределбата на внатрепартискиот колач во ДУИ. Изет Меџити и Арбен Зибери, дури се шпекулираше дека нема да гласаат за избор на претседател на Собранието, односно нема да го поддржат својот партиски кадар Талат Џафери. Сепак, вчера Џафери беше избран со 62 пратенички гласови за старо-нов претседател на македонскиот собраниски дом, но шпекулациите одат дотаму дека ќе има ротација на предложените министри од страна на ДУИ во ресорите надворешни работи и министерство за политички систем.Предложениот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби,ќе седне на предвиденото место на Бујар Османи како прв човек на македонската дипломатија, а Изет Меџити ќе оди на местото на Бујар во новоформираното министерство за политички систем. Дали овие несогласувања, односно партиски претумбации ќе се случат, наскоро ќе видиме.

Евидентно, првиот човек на ДУИ, командантот и покрај последователната победа на последниве парламентарни избори, има проблем со поклопување на сите „гладни усти“, народски што би се рекло во својата партија. Во  секоја партија , нивниот број е солиден, но во ДУИ, од секогаш  ги имало премногу.