Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПразнично расположение во главниот град – „Дедомразовска трка Скопје 2015“

Празнично расположение во главниот град – „Дедомразовска трка Скопје 2015“

Испратете ја во спортски дух оваа 2015 година со празничната Дедомразовска трка, на која се добредојдени сите оние кои сакаат Скопје да заличи празнично и позитивино.

Стартната позиција нза трката е Плоштад Македонија, учеството чини 199 денари, а секој пријавен добива стартен број и новогодишна црвена капа. За првите 250 пријавени следуваат палто, панталони, капа, ремен и брада со што би го комплетирале дедомразовскиот изглед на најдобар можен начин.

Дојдете на 27-ми декември во центарот на градот и испратете масовна спортска порака дека Скопје е една од светските метрополи кои имаат дедомразовски спортски настан во знакот на Новата година. Пријавете се на www.prvdovrv.mk.