Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПравославните христијани празнуваат Успение на Пресвета Богородица

Православните христијани празнуваат Успение на Пресвета Богородица

Православните христијани денеска го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица. Празникот ќе се одбележи со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, а најсвечено ќе биде на Матка и во катедралната црква во центарот на градот „Рождество на пресвета Богородица”. Храмот посветен на Мајката Божја беше изграден врз темелите на старата и осветен во 2008 година.

Според христијанската традиција, на овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода. Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.

На овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода.
– Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.

Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.