Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПозитив МЕТЕО: Пред нас е сончев и натпросечно топол есенски ден!

Позитив МЕТЕО: Пред нас е сончев и натпросечно топол есенски ден!

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло за овој период од годината, со мала до умрена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Продолжува периодот на стабилно и суво време. До петок под влијание на релативно топла воздушна маса дневните температури ќе бидат во благ пораст, а за време на викендот ќе опаѓаат.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе искачи до 23 степени.