Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПожар во автобус во Кина, 30 мртви

Пожар во автобус во Кина, 30 мртви

Најмалку 30 лица го загубиле животот кога во еден туристички автобус избил пожар, пренесуваат кинеските локални медиуми. Несреќата се случила во провинцијата Хунан, кога автобусот ударил во заштитна ограда.

Во автобусот се наоѓале вкупно 56 патници и возачот. Во болницата биле префрлени 21 патници, а полицијата го испрашува шоферот. За сега не е позната причината за несреќата.