Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПовлечено мелено месо „Ледо“ поради салмонела

Повлечено мелено месо „Ледо“ поради салмонела

Хрватското Министерство за земјоделство објави дека од продажба се повлекува меленото пилешко месо на „Ледо“, во пакување од 500 грама, со датум на замрзнување 11 мај 2015 година и рок на употреба до 11 јуни 2016 година, поради пронајдена бактерија салмонела.

Производител на контаминираното пилешко месо е компанијата „Месфино“ од градот Чазма, а „Ледо“ се наведува како дистрибутер на производот.

– Со микробилошка аналаза на производот е утврдено дека не се задоволени одредбите на Европската комисија, согласно кои салмонелата мора да биде отсутна во меленото месо и месните преработки во текот на нивниот рок на траење, стои во предупредувањето на ресорното Министерство.

Повлекувањето на меленото пилешко месо на „Ледо“ од пазарот го наредила Санитарната инспекција при хрватското Министерство за здравство.