Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманБрзо и вкусно: Пилешко со шампињони и павлака

Брзо и вкусно: Пилешко со шампињони и павлака

Предлог за брз и лесен ручек кој нема да ви одземе премогу време за подготовка.

Потребни состојки:
* 6 пилешки копани
* 125 гр. шампињони
* 230 мл. супа
* 100 мл. суво бело вино
* 80 мл. павлака
* 2 лажици сенф
* 30 гр. путер
* 10 гр. масло
* 3 чешниња лук
* мајчина душица
* сол и бибер

Начин на подготовка:
Загрејте тава на оган и додадете го путерот во неа, а потоа и маслото. Исушете ги копаните, така што ќе оставите да постојат на салвети. Испржете ги во тава, така што ќе оставите само малку простор меѓу нив за да бидат покрцкави. Штом станат златно-кафеави, тргнете ги од тавата.

Исечете ги печурките на четвртини и испржете ги во истата тава. Додадете ги чешнињата лук, а потоа и белото вино. Додадете ја супата, а потоа и сенфот. Почекајте да зоврие и додадете ја павлаката.

Гответе го сосот 10-15 минути за да се згусне, а потоа додадете сол и бибер. Истурете го сосот во тава за печење така што ќе покрива најмалку 3 сантиметри во висина од дното (мал керамички сад би бил најсоодветен). Наредете ги пилешките копани во тавата. Наросете мајчина душица. Печете 15-20 минути на температура од 180°C.