Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоследно печатено издание на култните „Утрински“ и „Вест“

Последно печатено издание на култните „Утрински“ и „Вест“

Денеска излегува последното издание на дневните весници „Утрински весник“ и „Вест“. Двата весника од МПМ ќе станат веб-портали со по неколку вработени, а останатите ќе останат без работа.

Новинарите на „Утрински весник“ и на „Вест“ вчера преку мирен протестен собир со пари во шише го одбележаа згаснувањето на двата дневни весници, кои 18 години излегуваа и ја обележаа медиумската сцена. Новинарите добија поддршка од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и од Европската федерација на новинари, чиј генерален секретар, Рикардо Гутиерез, присуствуваше на собирот.

Поседните месеци овие весници се соочува со серозни финансиски проблеми, на вработените со месеци им доцнеа платите, поради што и штрајкуваа.

Во меѓувремее, беше отворена нова фирма, со слично име, Медиа Принт ДООЕЛ, кој објави огласи за вработувања на новинари и уредници.

Извор: plusinfo.mk