Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПорошенко: Сега останува уште да си ги вратиме Донбас и Крим

Порошенко: Сега останува уште да си ги вратиме Донбас и Крим

Украинскиот претседател, Петро Порошенко денеска изјави дека по ослободувањето на пилотот Надја Савченко од затвор во Русија, сега на Украина и преостанува уште да ја поврати контролата врз источниот сепаратистички регион Донбас и врз полуосторовот Крим, кој во 2014 година го анектираше Русија.
Ukraine Donbas(1)Во обраќањето на церемонијата во Киев на која на Савчено и го врачи орденот Херој на Украина, Порошенко најави дека Украина ќе успее да ја поврати контролата врз Донбас и Крим, на истиот начин на кој беше издејствувано ослободувањето на пилотката.

„Како што успеавме да ја вратиме дома Надја, така ќе си ги вратиме и Донбас и Крим“, рече Порошенко на свечената церемонија.

Савченко денеска по пристигнувањето од Русија на аеродромот во Киев изјави дека повторно е подготвена да се жртвува за Украина. „Подготвена сум повторно да се жртвувам за Украина на бојното поле. Голема благодарност до сите кои се бореа за мене“, изјави Савченко.
Nadezhda Savchenko, Vera SavchenkoРусија денеска ја ослободи Савченко, која од средината на 2014 година се наоѓаше во руски затвор на отслужување на 22-годишна затворска казна, под обвинение дека на украиснките сили им ги пренела координатите за напад, при кој загинаа двајца руски новинари. Веднаш по ослободувањето, Савченко со авионот на украинскиот претседател замина за Киев.

Ослободувањето на Савченко уследи откако украинската Влада помилува двајцата руски заробеници, Евгениј Ерофеев и Александар Александров и најави дека ќе ги разамени за затворената пилотка. По пристигнувањето на Савченко во Киев, Порошенко објави дека го потпишал указот за помилување на Ерофеев и Александров. Киев тврди дека Ерофеев и Александров се руски војници и ги товари за извршени злосторства во источна Украина, но тие ги негираат ваквите обвинувања.

Ослободувањето на Савченко попладнево го поздравија Европската комисија, Европскиот парламент, НАТО, како и повеќе западни земји.