Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПоројни дождови направија хаос во Бодрум и Родос

Поројни дождови направија хаос во Бодрум и Родос

Поплавени куќи, ресторани и продавници е последицата од страшното невреме што ги зафатија туристичкиот центар Бодрум и грчкиот остров Родос. Весникот „Милет“ пишува дека во Бодрум улиците наликувале на езера и заклучуваат дека тоа се најпоројните дождови во градот кои се случиле во последните 30 години. Голем број автомобили биле повлечени од надојдената вода, а патниците кои се наоѓале во нив се спасени.

Во Родос, пак, е затворен аеродромот за летови поради сериозни штети на пистите. Локалните медиуми јавуваат дека властите се загрижени, бидејќи аеродромот „е во состојба како по бомбардирање“.