Saturday, May 4, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПоранешниот фудбалер на Ливерпул стави крај на својата кариера

Поранешниот фудбалер на Ливерпул стави крај на својата кариера

Данскиот фудбалер и поранешен дефанзивец на Ливерпул Даниел Агер одлучи да стави крај на својата играчка кариера на 32-годишна возраст. „Сакам да ви се заблагодарам на сите за поддршката. Тажен сум, но дојде вистинското време да ставам крај. Многу сум горд да својата кариера, беше одлично искуство“, напиша Даниел Агер на својот Твитер профил.

На Агер му истече договорот со данскиот клуб Бронди и одби да го продолжи бидејќи беше незадоволен поради амбициите на раководството на клубот. Во текот на својата кариера го носеше дресот само на две екипи, матичниот Бронди и Ливерпул, каде за девет поминати сезони оставо длабок белег.

Дефанзивецот за тимот од „Енфилд“ одигра 232 натпревари и постигна 14 погодоци, освојувајќи Лига Куп и Комјунити Шилд. Два пати беше прогласуван за најдобар фудбалер на Данска (2007, 2012), додека за националниот тим забележа 73 настапи и постигна 12 погодоци.