Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЖално, погледнете каде заврши „Императорот“ Адријано (ФОТО)

Жално, погледнете каде заврши „Императорот“ Адријано (ФОТО)

Можеше и да се претпостави, еден од најдобрите фудбалери на светот го допре дното. Поминаа години откако Адријано си замина од Италија, последен обид за спас на кариерата беше Рома, но ни таа „коцка“ како што тогаш изјави Раниери, не беше успешна.

Се обидуваше и во бразилските клубови, најавувано беше и негово враќање во Европа, се обиде и во Мајами каде сепак не потпиша договор, на крајот заврши на маргините во својата татковина. Да не зборуваме сега за тоа без што остана и колку пари заработи во кариерата додека играше за Интер, Парма, Фламенго, Коринтијанс, но неговиот начин на живот и проблемите кои ги имаше си го земаат својот данок.

adrijano 1

030C1BCF000005DC-0-image-a-63_1454176434498

Тој има 34 години и остана без ништо. Фотографиите кои ќе ги видите го продолжение се тажни, тој се врати во своето родно место, каде што ги поминува денови, шпанските медиуми пренесуваат дека живее многу тешко, но овие фотографии раскажуваат повеќе од зборовите.

Adrijano 2

Adrijano 3