Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЛегендарните „Аеросмит“ најавија крај на богатата кариера!

Легендарните „Аеросмит“ најавија крај на богатата кариера!

После 46 години на музичката сцена, легендите на американскиот рок и членови на составот „Аеросмит“ најавија крај на својата богата кариера. Веста која ги растажи милиони обожаватели ширум светот ја потврди фронтменот на оваа група Стивен Тајлер во емисијата на Хуард Стерн, а на обожавателите им најави уште една последна турнеја.

Како што истакнува Тајлер, добра работа е тоа што сите членови на бендот заедно го доживеале и почетокот и крајот.

„Навистина го сакам овој бенд и навистина сум благодарен на сето она што заедно успеавме да го постигнеме и што го дочекавме крајот во оригинална постава“, раскажува Тајлер, кој повеќе пати беше на работ од смртта поради предозирање од наркотици. Последната турнеја се очекува да започне следната година, но уште не е познато кои земји ќе ги поминат.

Аеросмит

„Аеросмит“ беше формиран во 1970 година во Бостон, а три години подоцна го објавија својот прв албум. Меѓу најголемите хитови се Crazy, I Don’t Want To Miss A Thing и Janie’s Got a Gun, кои, меѓу другите, сигурно и на предстоечката турнеја успешно ќе ги наполнат салите и стадионите.