Sunday, Apr 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПоранешниот фудбалер на Ливерпул кариерата ќе ја продолжи во Примера!

Поранешниот фудбалер на Ливерпул кариерата ќе ја продолжи во Примера!

Некогаш важеше за еден од најголемите светски таленти, но поради проблемите со повреди заврши далеку од она што сите го предвидуваа за него. Се започна во познатата школа за фудбалери на Ајакас во 1998 година. Шест години подоцна, дебитираше за првиот тим на Ајакс и набргу стана еден од најдобрите офанзивци во клубот. После три години во холандскиот клуб, интерес за неговите услуги покажа славниот англиски клуб Ливерпул.

На само 20 години потпиша за клубот од „Енфилд“, сите очекуваа дека таму ќе изгради страшна кариера. Но се чини дека трансферот во клубот од Ливерпул бил преран за него. Од 2011 година, Рајан Бабел промени четири клубови играше во Германија, Турција, Емиратите и во татковината, но нигде не успеа да се пронајде па ни во својот Ајакс.

Минатата сезона настапуваше за Ал Аин, одигра само 14 натпревари, а во 2016 година ни еднаш не го носеше дресот на првиот тим. Сега си пронајде нов ангажман, за прв пат е во Примера, а до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Депортиво Ла Коруња.

cszzqqmxeaadpy7-640499226020160915182218