Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРПораките за мир и соживот од Тоше Проески одекнаа на плоштадот во Крушево

Пораките за мир и соживот од Тоше Проески одекнаа на плоштадот во Крушево

На градскиот плоштад во Крушево синоќа се случи настанот ,,Говориме различно, танцуваме исто”.По тој повод 50 деца од различна етничка и верска приапдност  станаа едно преку игри песни и пораки за мир и соживот. Пред публиката младите крушевчани играа зумба и прочитаа пораки за мир пријателство  и соживот од Тоше Проески на македонски, албански и влашки јазик.

tose

Настанот го организираа ООУ „Никола Карев“ од Крушево, Здружението на граѓани „Академик“ и Општина Крушево. Финансиски беше поддржан од фондот „Градиме мостови“, кој е заеднички проект на Министерството за образование и наука, амбасадите на Швајцарија и Холандија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.