Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПопуларната актерка смета дека системот за бегалци е целосно растурен

Популарната актерка смета дека системот за бегалци е целосно растурен

Популарната американса актерка Анџелина Џоли која работи и како специјаен пратеник на ОН за бегалци предупреди денеска дека меѓународниот хуманитарен систем за бегалци е растурен и не функционира. Таа укажа на стравот што постои од мигрантите и „вистинската трка меѓу државите“ за тоа која од нив ќе биде построга и поостра во заштитата на својата територија од мигрантите.

Холивудската ѕвезда за која се посочува дека има политички амбиции, објаснува дека ваквите состојби и проценки на кои таа укажува не се однесуваат само за Европа, која повеќе од една година се наоѓа среде бегалска и мигрантска криза, туки на другите делови од светот каде има бегалци.