Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПолициска акција во Куманово – се апсат лица кои криумчареле мигранти

Полициска акција во Куманово – се апсат лица кои криумчареле мигранти

МВР утрово започна сo спроведување на финалната фаза од акцијата за откривање лица кои се вклучени во криумчарење на илегални мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски.

Акцијата, додаде тој, се уште трае и се спроведува на подрачјето на поширокиот регион во кумановско.

– Подолг период се работеше на откривање криминална група која организираше криумчарење на лица од Северена Африка и Блискиот Исток од границата со Грција низ Македонија кон северната граница, а потоа и кон земјите членки на ЕУ. Во текот на акцијата пресечен и еден нелегален транспорт на мигранти кои ги криумчарела истата група во близина на кумановско Доброшане. Приведени се неколку лица, а мигрантите се згрижени. Со наредба на судот и јавниот обвинител извршен е претрес на неколку објекти на повеќе локации во кумановско и во еден пронајдена е поголема група, изјави Котевски.

Во акцијата досега се приведени и неколку лица кои криумчареле мигранти.