Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолицијата што поскоро да се стави во служба на државата и општеството, порача Нухиу

Полицијата што поскоро да се стави во служба на државата и општеството, порача Нухиу

Техничкиот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу на денешната свеченост по повод Денот на македонската полиција изјави дека таа треба да гарантира безбедна средина за сите граѓани и потребно е сите заедно да се ангажираме за да поставиме темелна транспарентност на воспоставувањето на односите меѓу полицијата и граѓаните, со заедниците и со пошироката јавност.

Нухиу посочи дека сите заедно треба да се ангажираме за што поскоро целата полиција да се стави во служба на државата и општеството.

„На државната и јавна безбедност им е потребен професионализам. На денот на полицијата на Република Македонија ќе се поклонам пред симболот на оваа значајна државна институција со длабоко уверување и максимална посветеност дека со наше заедничко ангажирање, оваа институција ќе ја доведеме во параметрите кои се меѓународно признаени за работата на полицијата во услови на едно демократско општество“, изјави Нухиу.

Тој посочи дека крупните реформи во полицијата ќе мора да продолжат за, како што рече, да бележиме напредок и просперитет, притоа негувајќи ги вредностите и суштинските стандарди на една професионална, достоинствена и почитувана полиција.