Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПолицаец застрелал возач во Свети Николе при самоодбрана

Полицаец застрелал возач во Свети Николе при самоодбрана

Полицаец од Свети Николе како што соопшти Основното јавно обвинителство од Штип застрелал возач кој претходно влегол во тешка расправија со велосипедист кој наводно му го попречувал патот. Полицискиот службеник сакал да ги раздвои и да го легитимира возачот на Лада но, бил нападнат и повлечен за рака. Возачот на неколку наврати свртел полукруг со возилото во обид да го прегази полицаецот, по што тој успеал да се исправи и да го застрела со службениот пиштол. Од обвнителството наведоа дека истрагата ќе продолжи за разветлување на сите елементи од инцидентот.