Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПогледнете го спотот за првата англиска песна на Тамара Ангеловска

Погледнете го спотот за првата англиска песна на Тамара Ангеловска

Тамара Ангеловска ја објави својата прва авторска песна на англиски јазик со светски призвук насловена како „Blame of you“ во продукција на реномираната продукција High Records.

Видео приказната за темата „Blame of you“ која понатаму ќе добие и своја македонска верзија, снимена е во хотелот „Мираж“ и на плажата „Версус Конак“ во Струга во продукција на Џубокс Видео под режисерската палка на Џулиани.

Креацијата на Златко Јовановски – ЈЗЈ и шминката на Ника мејк-ап целосно ја истакнуваат природната убавина на Тамара.

Во продолжение слушнете ја првата англиска песна на Тамара Ангеловска.