Thursday, Mar 23, 2017
HomeГИГА БАЈТХај текПогледнете го Ford MoDe Flex – Смарт електричен велосипед

Погледнете го Ford MoDe Flex – Смарт електричен велосипед

ford-mode-flex-e-bike

Ford го најави третиот е-велосипед MoDe Flex кој има електричен мотор, како и акумулатор кој собира кинетичка енергија и може да се примени и во автомобилите од новата генерација. Автомобилскиот гигант го претстави MoDe Flex електричниот велосипед за модерните корисници на кои им е потребен моќно возило на две тркала за хаотичните урбани средини.

Ford MoDe Flex има задна суспензија која може да се прилагоди за урбано возење, планинско искачување и тежок терен. MoDe Flex е дефинитивно паметен велосипед бидејќи со MoDe Link апликацијата може да го поврзете со смартфонот и да добивате информации за временската прогноза и состојбата во сообраќајот.

Велосипедот има и „буст“ режим за полесно поминување на долги релации, а може да ве предупреди и за дупки на патот, како и за приближување на автомобил. Проектот е во тест фаза и се уште не е позната цената и датумот на пуштање во продажба на Ford MoDe Flex велосипедот.

Извор: telefoni.mk