Thursday, Apr 25, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текMastercard со уникатни кредитни картички за кои не треба ПИН заштита

Mastercard со уникатни кредитни картички за кои не треба ПИН заштита

Mastercard развива биометриски банкарски картички, кои би требало да бидат многу побезбедни во споредба со класичните картички, за кои треба да се внесе ПИН кога сакате да платите некаде. Ако некој ви ја украде картичката и го знае ПИН кодот, може лесно да ви ја испразни сметката.

Картичката што Mastercard ја тестира во Јужна Африка доаѓа со сензор за отпечатоци на прсти, така што за потврда на трансакција доволно е да го ставите прстот на сензорот и трансакцијата ќе биде извршена. До крајот на 2017 или почетокот на 2018 година ќе можеме да почнеме со употреба на новата технологија.

Извор: telefoni.mk